Законска регулатива за волонтерството во РС Македонија

ОДАСС спроведе анализа за да истражи колку младите се запознаени со правната рамка која го регулира волонтерството, како и перцепцијата на младите за општата состојба на волонтерството и да истакне препораки за подобрување на условите за волонтерство во земјата. Препораките од Анализата се следните: Законски да се признае волонтерството како работно искуство при вработување. Да […]
АНАЛИЗА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА МЛАДИ

Prepared, Proactive and Alerted Youth Project Closing Conference 28.11.2023 Ederra Rooftop, Skopje 10:30 – 11:00 Registration of participants 11:00 – 11.10 Welcome and opening address Presentation of the PPAY project, Ms. Anisija Ugrinovska, president of ODASS 11:10 – 11:20 Ms. Adriana Dutu, Lead Expert, EU Civil Resilience Mechanism 11:20 – 11:30 Marija […]
Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово- базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, […]
Закон за спречување и заштита од дискриминација

Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Овој закон, првично беше донесен во 2019 година и подоцна одлука на Уставниот суд на РСМ беше […]
Кривичен законик

Кривичниот законик не се применува спрема дете кое во време на извршување на кривичното дело не наполнило четиринаесет години. Спрема малолетници и помлади полнолетни лица за кривични дела предвидени со закон или со меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на РСМ се применуваат одредбите на КЗ, ако со закон поинаку не е предвидено. Во значењето на […]
Закон за правда на децата

Со овој закон се уредува постапувањето со децата во ризик и децата сторители на дејствија што со закон се предвидени како кривични дела и прекршоци. Законот уредува услови и процедури за примена на мерки за помош, грижа и заштита кон овие деца, како и за примена на воспитни и алтернативни мерки. Исто така, законот се […]
Закон за безбедност и здравје при работа

Со ЗБЗР закон се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето […]
Закон за волонтерство

Волонтерството претставува активност од интерес за РСМ која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на луѓето во општествениот живот, како и за развој на хумано и рамноправно демократско општество и се подразбира доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и /или вршење на други активности во корист на други лица, […]
Закон за работните односи

ЗРО има за цел да уреди работните односи помеѓу работниците и работодавачите, кои се установуваат преку согласување на договор за вработување. Главната цел на овој закон е да вклучи работниците во работниот процес и да гарантира хармонично одвивање на истиот. Притоа, законот го почитува правото на работниците на слобода на трудот, го поддржува нивното достоинство, […]
Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се уредуваат правата, обврските и одговорностите во областа на аудио и аудио-визуелните медиумски услуги, вклучувајќи ги радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање; давателите на услуги платформи за споделување видеа и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на […]
Закон за заштита на личните податоци

ЗЗЛП во делот за младите е од суштинска важност за заштита на правата и приватноста на младите лица. Со овие мерки се цели заштита од злоупотреба на нивните податоци и обезбедување на контролата врз нив. Со Законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со […]
Закон за бесплатна правна помош

Целта на ЗБПП е да се овозможи и унапреди правото нa физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита. Бесплатна правна помош е правна помош одобрена и финансирана од страна на државата. Примарна правна помош е вид на бесплатна правна помош која се обезбедува од страна на МП, овластеното здружение и правната клиника. […]
Закон за поддршка на младите при купување на музички инструменти

Со овој закон се уредуваат постапката и условите за давање поддршка на млади при купување на музички инструменти за потребите во нивното образование. МОН дава поддршка на млади при купување на музички инструменти преку поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент. Млади се редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои […]
Закон за заштита на децата

Со Законот за заштита на децата се уредува системот и организацијата за заштита на децата. Заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната самоуправа за водење хумана популациона политика. Заштитата на децата се […]
Закон за семејство

Законот за семејство ги уредува: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, семејното насилство, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните и семејните спорови и постапката за изрекување на привремена мерка за заштита од семејно насилство. Овој закон во својот фокус го има семесјтво […]
Закон за здравствена заштита

Со овој закон се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита. Здравствена дејност која се однесува на младите на примарно ниво ја опфаќа здравствена дејност за потребите на децата и училишната […]
Закон за социјална заштита

Со Законот за социјална заштита се уредува системот и организацијата на социјалната заштита, корисниците на социјалната заштита, правата на парична помош и социјалните услуги, постапките за остварување на правата и користење на услугите, вршење на дејноста на социјалната заштита, кадрите, финансирањето и надзорот над вршењето на социјалната заштита и други прашања од значење за вршењето […]
Закон за младински додаток

Законот за младински додаток во РСМ има за цел да обезбеди финансиска поддршка на младите лица со цел подобрување на својата економска положба. Целта на овој закон е да ги поттикне младите лица да се вклучат на пазарот на трудот на производствена дејност и преку финансиската поддршка да се обезбеди нивно вработување на подолг временски […]
Закон за студентскиот стандард

Законот за студентскиот стандард е систематизиран во дванаесет Глави во кои се регулираат сите прашања кои се однесуваат на студентскиот стандард. Со овој закон се уредува дејноста студентски стандард, основањето, организацијата, функционирањето и управувањето во установите за студентскиот стандард како дел од системот на образованието и стипендирањето на студентите. Под студентски стандард, во смисла на […]
Закон за ученичкиот стандард

Законот за ученичкиот стандард е систематизиран во тринаесет Глави во кои се регулираат сите прашања кои се однесуваат на ученичкиот стандард. Со овој се уредува се уредува основањето, организацијата, функционирањето и управувањето во установите за ученичкиот стандард како дел од системот на воспитанието и образованието. Ученичкиот стандард се остварува во јавни установи за ученички стандард […]
Закон за високото образование

ЗВО во РСМ ги регулира сите аспекти на високото образование во земјата. Овој закон ги уедува автономијата на универзитетот и академската слобода. Статусот на студент, а со тоа и член на академската заедница се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на универзитет, односно на самостојната висока стручна школа. Статусот на […]
Закон за средното обазование

Со овој закон се уредува организацијата, функционирањето и управувањето во средното образование, како дел од системот на воспитанието и образованието. Наставата во средното образование се остварува преку планови и програми за гимназиско и стручно образование. Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни средни училишта (средно општинско училиште, односно средно училиште […]
Закон за филмска дејност

Со Законот за филмска дејност се уредуваат вршењето на филмската дејност, основањето, работата, раководењето, управувањето, финансирањето, надзорот над работата и други прашања поврзани со работата на Агенцијата за филм на РСМ. Дистрибутерот, односно киноприкажувачот на филмот, е должен пред започнувањето на дистрибуцијата, односно киноприкажувањето на филмот во РСМ, да изврши категоризација на филмот и на […]
Закон за здруженија и фондации

Со ЗЗФ се уредуваат начинот, условите и постапката за основање, регистрација и престанок на здруженијата, фондациите, сојузите, организационите облици на странските организации во РСМ, имотот со кој располагаат, надзорот, статусните промени и статусот на организациите од јавен интерес. Во дејности од јавен интерес помеѓу другите спаѓа и заштитата на деца и младинци. Здружение можат да […]
Изборен законик

Согласно ИЗ на РСМ, “избирачко право“ односно право на глас има секој државјанин на РСМ кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот. Малолетните млади лица (лица под 18 години) немаат право да гласаат на локални, државни […]
Закон за игрите на среќа и забавните игри

Со овој закон изречно се забранува лицата помлади од 18 години да учествуваат во игрите на среќа. Приредувачот на играта на среќа е должен да го оневозможи учеството на лица помлади од 18 години во игрите на среќа. На лица помлади од 18 години не треба да им биде дозволен влез во казина, во простории […]
Закон за култура

Културата, во смисла на овој закон, ги опфаќа творештвото, објавувањето на уметничкото творештво и заштитата и користењето на творештвото. Младите имаат право на слободно творештво, непрофесионално или професионално, како и право на образование за култура, независно од возраста, образованието, верската, етничката или друга припадност. Законот за култура обезбедува рамка и насоки за поддршка и учество […]
Закон за спортот

Спортот е дејност која ги опфаќа сите форми на спортски активности на спортистите од сите возрасти, како и спортско – рекреативните активности на граѓаните. Дејноста спорт ја вршат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот. Младите имаат право да учествуваат на спортски настани и тренинзи, под услов да ги почитуваат правилата и […]
Закон за младинско учество и младински политики

ЗМУМП е закон кој во РСМ што го регулира учеството на младите во јавниот живот и различните аспекти на младинските политики. Законот овозможува преку правни рамки и механизми за поддршка на младите, тие да се вовлечат во демократскиот процес и да се вклучат во различните области на општествениот и економскиот развој. https://www.slvesnik.com.mk/Issues/862649465cf4432aadcb4119f52bfd81.pdf