ЗРО има за цел да уреди работните односи помеѓу работниците и работодавачите, кои се установуваат преку согласување на договор за вработување.
Главната цел на овој закон е да вклучи работниците во работниот процес и да гарантира хармонично одвивање на истиот. Притоа, законот го почитува правото на работниците на слобода на трудот, го поддржува нивното достоинство, и обезбедува заштита на нивните интереси во работниот однос. Договор за вработување може да склучи младо лице под 18 години возраст и кое има општа здравствена способност. Забрането е вработувањето на младите под 15 години или на младите кои не завршиле задолжителното образование, освен во случаи кога законот дозволува нивно учество во одредени активности. Младите можат да учествуваат во такви активности, но не повеќе од два часа дневно, или не повеќе од 12 часа неделно, освен за време на училишниот распуст, кога работата може да трае не повеќе од шест часа дневно, или не повеќе од 30 часа неделно. Притоа, задолжително им се обезбедува двонеделен одмор.
https://mtsp.gov.mk/content/pdf/2023/trud/ZRO,%20precisten%20tekst%202023.pdf