Согласно ИЗ на РСМ, “избирачко право“ односно право на глас има секој државјанин на РСМ кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот. Малолетните млади лица (лица под 18 години) немаат право да гласаат на локални, државни или други видови на избори.
Во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа односно чиј рок на важност на лична карта или патна исправа истекува во периодот од распишување на изборите до денот на нивното одржување.
По навршување на 18 годишна возраст, младите лица ги исполнуваат условите да се кандидираат за пратеник, член на совет и градоначалник.
https://drive.google.com/file/d/1Sa9L6emhxwI2VaV_8d7oK3hJ6r1usnuY/view?usp=sharing