Кривичен законик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Кривичниот законик не се применува спрема дете кое во време на извршување на кривичното дело не наполнило четиринаесет години. Спрема малолетници и помлади полнолетни лица за кривични дела предвидени со закон или со меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на РСМ се применуваат одредбите на КЗ, ако со закон поинаку не е предвидено. Во значењето на изразите од овој законик, под „жртва на кривично дело“ се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело, под „дете како жртва на кривично дело“ се подразбира малолетно лице до 18 години, под „насилство врз дете“, па меѓу другото се подразбира: и психичко насилство, насилство преку интернет, врсничко насилство, како и демнење и следење на детето.

Во КЗ е предвидено посебно кривично дело: „Насилство врз дете“кое го опфаѓа секое лице што ќе изврши физичко, психичко или друг вид насилство спрема дете и е предвидена да се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години. “

https://jorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/03/законик-пречистен-текст.pdf

 

Оставете коментар :