Со овој закон изречно се забранува лицата помлади од 18 години да учествуваат во игрите на среќа. Приредувачот на играта на среќа е должен да го оневозможи учеството на лица помлади од 18 години во игрите на среќа. На лица помлади од 18 години не треба да им биде дозволен влез во казина, во простории каде што се приредува томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови. Приредувачот на играта на среќа има право да изврши увид во документацијата со која се докажува возраста на лицата.
Исто така, приредувачот на игрите на среќа е должен на влезната врата во деловната просторија во која се приредуваат игри на среќа, да истакне натпис со содржина:
„Се забранува влез на лица со возраст под 18 години.“