Закон за семејство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Законот за семејство ги уредува: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, семејното насилство, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните и семејните спорови и постапката за изрекување на привремена мерка за заштита од семејно насилство.

Овој закон во својот фокус го има семесјтво и односите помеѓу неговите членови. Со оглед дека семејството по дефиниција е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство, дел од овој закон се однесува на децата (младите), нивните права и обврски во склоп на семејната заедница и тоа настанува со раѓање на деца и со посвојување. Основните принципи на кои се заснова овој закон се рамноправност во односите во семејството, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.

https://mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/Zakon%20za%20semejstvo-precisten%20tekst.pdf

Оставете коментар :