Закон за спортот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Спортот е дејност која ги опфаќа сите форми на спортски активности на спортистите од сите возрасти, како и спортско – рекреативните активности на граѓаните.

Дејноста спорт ја вршат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.

Младите имаат право да учествуваат на спортски настани и тренинзи, под услов да ги

почитуваат правилата и безбедносните стандарди на односниот спорт.

Јавениот интерес за младите во РСМ во областа на спортот се однесува на поттикнување на спортските активности на децата и младината во рамките на националните спортски федерации, организирање и спроведување на спортски тренинг и натпревари за оспособување на спортистите за постигнување на врвни спортски резултати, поттикнување на реализирањето на програмите на спортските федерации на државата, како и поттикнување и помагање на организирањето спортски приредби и манифестации.

Младите спортисти имаат право да учествуваат во процесот на донесување одлуки и

формулирање на правилата на спортот што ги засегаат, да им се укажат можности да учат и да бидат поддржани во развојот на нивните спортски вештини. Важно е да се нагласи дека почитувањето на правата на младите спортисти е од суштинско значење за нивната физичка и емоционална благосостојба и развој во спортот.

Оставете коментар :