За нас

Young friends in the park
За нас

Што е ОДАСС?

Организација за дијалог и афирмација на средношколците – ОДАС е средношколска организација посветена на нејзината мисија за создавање на заедница од посветени ученици, одговорни граѓани и идни лидери.

Нашето мото гласи „Од учениците, за учениците“ бидејќи силно веруваме во колективната способност на учениците да поттикнат промена во образовниот систем. Основана со цел застапување на средношколците и бранење на нивните интереси, преку младински проекти, работилници, настани, информациони блог-постови и слично, ОДАС речиси 3 години соработува со ученици, млади луѓе, средни училишта, медиуми и други организации. 

Преку наведените иницијативи и правната поткрепеност, ОДАС прераснува во единствено и официјално претставничко тело на средношколците и студентите.

Застапување

Ги застапуваме и браниме колективните интереси на сите средношколци во државата и ги претставуваме средношколците на национално ниво

Мисија и Мото

Создаваме заедница од посветени ученици, одговорни граѓани и идни лидери.

Од учениците за учениците.

Одржани работилници
0
Одржани настани
0
Номинации
0
Волонтери
0