ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ДИЈАЛОГ И АФИРМАЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Повеќе Зачленување

ЗА НАС

Мисија

Создаваме заедница од посветени ученици, одговорни граѓани и идни лидери.

Мото

Од учениците, за учениците.

Застапување

Ги застапуваме и браниме колективните интереси на сите средношколци во државата и ги претставуваме средношколците на национално ниво.

Што е ОДАС?

Организација за дијалог и афирмација на средношколците - ОДАС е средношколска организација посветена на нејзината мисија за создавање на заедница од посветени ученици, одговорни граѓани и идни лидери. Нашето мото гласи „Од учениците, за учениците“ бидејќи силно веруваме во колективната способност на учениците да поттикнат промена во образовниот систем. Основана со цел застапување на средношколците и бранење на нивните интереси, преку младински проекти, работилници, настани, информациони блог-постови и слично, ОДАС речиси 3 години соработува со ученици, млади луѓе, средни училишта, медиуми и други организации. Преку наведените иницијативи и правната поткрепеност, ОДАС прераснува во единствено и официјално претставничко тело на средношколците.

Зачлени се и биди дел од ОДАС уште денес (Линк за зачленување). За сите заинтересирани активисти, ученици и млади луѓе кои се залагаат за достапно образование.

Услуги

Младински Клубови

Клубови наменети за младите кои се залагаат за теми важни на средношколците.

Младински Проекти

Проекти наменети за младите и нивниот средношколски живот.

Неделен блог

Неделен блог за ученички лајфстајл на средношколците.

Информации

Информации за стипендии, натревари, конкурси…

Работилници

Работилници кои се наменети за сите млади. Бизнис, менаџмент и други.

Литература

Детално анализирани лектири и класични дела за матура и пошироко.

Зошто токму ние?

Застапувањe

Ги застапуваме и браниме колективните интереси на сите средношколци во државата, ги претставуваме средношколците на национално ниво, и ставаме акцент на решавање на средношколските. прашања.

Инволвираност

Интеграција на младите во општеството преку организирано волонтирање, едукација и учество на настани од интерактивен и забавен карактер.

Активизам

Подобрување на општествениот живот и образовниот систем преку организирани акции, иницијативи и настани наменети за средношколците.

3

Одржани работилници

10

Одржани настани

4

Номинации

50

Волонтери

КОНТАКТИ

Вашата порака е испратена. Ви благодариме!