донесена од Владата на РСМ на седницата, одржана на 24 јули 2001 година.
Еколошката акција „Младите за здрава животна средина“, ја организираат младите во РСМ, во соработка со надлежните органи на државната управа, стручните институции, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, еколошките организации и здруженијата на граѓани. Акцијата е традиционална и перманентно ќе се изведува во РСМ. За ден на Акцијата се определува 21-ви март – денот на пролетта. Акцијата започнува со пригодни свечености и програмски активности на 21-март и се реализира во континуитет во текот на целата година.