ЗВО во РСМ ги регулира сите аспекти на високото образование во земјата. Овој закон ги уедува автономијата на универзитетот и академската слобода. Статусот на студент, а со тоа и член на академската заедница се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на универзитет, односно на самостојната висока стручна школа.
Статусот на студент се докажува со студентска легитимација или со индекс. Студентот во текот на своето академско образование има право на квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено со студиските програми, слободно искажување на мислење и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа, право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците, редовно студирање и статус на редовен студент и право на вонредно студирање и статус на вонреден студент, редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под услови кои важеле при уписот и заштита на личноста на студентот од злоупотреба и на неговото достоинство.
https://mon.gov.mk/download/?f=Zakon%20za%20visokoto%20obrazovanie.docx