ЗЗЛП во делот за младите е од суштинска важност за заштита на правата и приватноста на младите лица. Со овие мерки се цели заштита од злоупотреба на нивните податоци и обезбедување на контролата врз нив. Со Законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци, а особено начелата поврзани со обработката на личните податоци, правата на субјектот на личните податоци, положбата на контролорот и обработувачот, преносот на личните податоци во други држави, основањето, статусот и надлежностите на Агенцијата за заштита на личните податоци, посебните операции на обработка на личните податоци, правните средства и одговорноста при обработката на личните податоците, супервизијата над заштита на личните податоци, како и прекршоците и прекршочната постапка во оваа област.
https://azlp.mk/wp-content/uploads/2022/11/zakon_za_zastita_na_licnite_podatoci.pdf