Целта на ЗБПП е да се овозможи и унапреди правото нa физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита. Бесплатна правна помош е правна помош одобрена и финансирана од страна на државата. Примарна правна помош е вид на бесплатна правна помош која се обезбедува од страна на МП, овластеното здружение и правната клиника.
Секундарна правна помош е облик на бесплатна правна помош која се обезбедува од страна на адвокат запишан во Регистар на адвокати за секундарна правна помош.
https://www.pravda.gov.mk/upload/Documents/Zakon%20za%20besplatna%20pravna%20pomos.pdf