Закон за заштита на децата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со Законот за заштита на децата се уредува системот и организацијата за заштита на децата. Заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната самоуправа за водење хумана популациона политика. Заштитата на децата се остварува со обезбедување на услови и ниво на животен стандард што одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата. Државата, како и единиците на локалната самоуправа се грижат за давање на соодветна материјална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата. Како дете, во смисла на овој закон, се смета секое лице до наполнети 18 години живот, како и лица со попреченост до наполнети 26 години живот.

Права за заштита на децата, во смисла на овој закон, се: детски додаток; посебен додаток; еднократна парична помош за новороденче; родителски додаток за дете; додаток за образование и партиципација. Овие права се лични права и не можат да се пренесуваат, а правата на децата што се состојат во парични примања не можат да бидат предмет на извршување. Со овој закон експлицитно се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон.

https://mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2022/Закон%20за%20заштита%20на%20децата%20консолидиран%20ноември%202022.pdf

Оставете коментар :