Закон за здруженија и фондации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со ЗЗФ се уредуваат начинот, условите и постапката за основање, регистрација и престанок на здруженијата, фондациите, сојузите, организационите облици на странските организации во РСМ, имотот со кој располагаат, надзорот, статусните промени и статусот на организациите од јавен интерес. Во дејности од јавен интерес помеѓу другите спаѓа и заштитата на деца и младинци. Здружение можат да основаат физички и правни лица. Здружение можат да основаат најмалку пет основачи од кои тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на РСМ. Здружение на граѓани може да основаат малолетни лица со навршена 15-годишна возраст преку изјава за согласност за основање на здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението во согласност со закон. Членувањето во здружението е доброволно. Физичко лице може да биде член на здружението независно од неговата возраст во согласност со статутот.

Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон.

https://rcgo.mk/wp-content/uploads/2018/10/Zakon-za-zdruzhenija-i-fondacii.pdf

Оставете коментар :