Закон за социјална заштита

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со Законот за социјална заштита се уредува системот и организацијата на социјалната заштита, корисниците на социјалната заштита, правата на парична помош и социјалните услуги, постапките за остварување на правата и користење на услугите, вршење на дејноста на социјалната заштита, кадрите, финансирањето и надзорот над вршењето на социјалната заштита и други прашања од значење за вршењето на дејноста на социјалната заштита.

Во овој закон она што би го истакнале како од посебен интерес за младите е одредбата во која е регулирано дека лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, има право на интервентна еднократна парична помош во висина до 180.000 денари, заради вклучување во социјалната средина.

https://mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2019/28.5_zakon_SZ.pdf

Оставете коментар :

ОДАСС

Подобрување на општествениот живот преку организирани акции и настани наменети за младите

Слични објави

Следете не: