Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на  мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово- базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово- базирано насилство врз жените и семејното насилство.

Со овој закон се предвидени и мерки за заштита и начин на постапување на институциите кога децата/младите се јавуваат како директни или индиректни жртви на семејно насилство и родово-базирано насилство врз жените. Иако можеби со читање на законот се добива впечатокот дека првенствено се однесува жените, со овој закон кога се зборува за семејно насилство се мисли на насилство кон брачен другар (сопруга или сопруг), родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар или вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не. Исто така иако во законот преовладува зборот жени во овој поим се вклучени и девојчињата на возраст под 18 години. Сумирано овој закон се донесува на младите лица со оглед да согласно Законот за младинско учество и младински политики под поимот млади се подразбира секое лице на возраст од 15 до 29 години.

https://mtsp.gov.mk/content/pdf/2021/1a28a922f364401e94935d4d694b9d75.pdf

Оставете коментар :

ОДАСС

Подобрување на општествениот живот преку организирани акции и настани наменети за младите

Слични објави

Следете не: