Закон за студентскиот стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Законот за студентскиот стандард е систематизиран во дванаесет Глави во кои се регулираат сите прашања кои се однесуваат на студентскиот стандард. Со овој закон се уредува дејноста студентски стандард, основањето, организацијата, функционирањето и управувањето во установите за студентскиот стандард како дел од системот на образованието и стипендирањето на студентите. Под студентски стандард, во смисла на овој закон, се подразбира обезбедување на сместување, исхрана, школарина, стипендии, како и задоволување на работните, културните, информативните, спортско-рекреативните и други заеднички потреби на студентите, а исто така во смисла на овој закон под студентски стандард се подразбира и обезбедување средства за наградување на најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во РСМ, рангирани согласно со ЗВО.

Студентскиот стандард се остварува во установи за студентски стандард кои се организираат како државен студентски дом и приватен студентски дом (во натамошниот текст: студентски домови). Овие установи се основаат за остварување на интереси и потреби за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење и нивната дејност е од јавен интерес. Согласно овој закон секој редовен студент, под еднакви услови има право да престојува во студентски дом.

https://mon.gov.mk/download/?f=Zakon%20za%20studentskiot%20standard_1.docx

Оставете коментар :

ОДАСС

Подобрување на општествениот живот преку организирани акции и настани наменети за младите

Слични објави

Следете не: