Законот за ученичкиот стандард е систематизиран во тринаесет Глави во кои се регулираат сите прашања кои се однесуваат на ученичкиот стандард. Со овој се уредува се уредува основањето, организацијата, функционирањето и управувањето во установите за ученичкиот стандард како дел од системот на воспитанието и образованието. Ученичкиот стандард се остварува во јавни установи за ученички стандард кои се организираат како јавен ученички дом (општински, односно ученички дом на градот Скопје и државен дом) и приватен дом, како и преку стипендирање на учениците. Овие установи се основаат за остварување на интереси и потреби за престој на учениците кои учат надвор од местото на живеење и нивната дејноста е од јавен интерес. Со овој закон е регулирано дека секој редовен ученик, под еднакви услови има право да престојува во ученички дом.
Воспитно-образовната дејност во ученичкиот дом се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, додека за припадниците на заедниците кои следат воспитно-образовна работа на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, истата се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница на начин и под услови утврдени со овој закон.
https://mon.gov.mk/download/?f=Zakon%20za%20ucenickiot%20standard_1.docx