Со овој закон се уредуваат постапката и условите за давање поддршка на млади при купување на музички инструменти за потребите во нивното образование. МОН дава поддршка на млади при купување на музички инструменти преку поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент. Млади се редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката.
Министерството врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и на редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката.
https://www.slvesnik.com.mk/Issues/9c4bf1db894e440c9d467076c79bda67.pdf