Законска регулатива за волонтерството во РС Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

ОДАСС спроведе анализа за да истражи колку младите се запознаени со правната рамка која го регулира волонтерството, како и перцепцијата на младите за општата состојба на волонтерството и да истакне препораки за подобрување на условите за волонтерство во земјата.

Препораките од Анализата се следните:

  • Законски да се признае волонтерството како работно искуство при вработување.
  • Да се води поефективна евиденција на волонтерството, волонтерите и понудувачите на можности за волонтирање.
  •  Да се продлабочи соработката меѓу универзитетите, компаниите и институциите за нудење на можности за волонтирање.
  •  Да се поттикне волонтерството меѓу студентите и средношколците со добивање на дополнителни поени при упис на факултет за волонтирање.
  •  Да се продолжи со ефективна реализација на постојната правна рамка за волонтерството.
  •  Да се зголеми свеста на младите за волонтерското ангажирање и создавање на култура на промоција на волонтерскиот ангажман.
  •  Да се развијат мерки за стимулирање и поддршка на волонтерството во сите општествени сегменти (граѓански организации, институции, образование и слично).
  •  РС Македонија да се придружи кон европски и светски иницијативи за поттикнување на волонтерскиот ангажман.
  •  Да се поттикне културата на волонтирање во образовниот систем.
  •  Да се унапредат капацитетите на институциите за работа со волонтери.

 

Преземете ја анализата.

Оставете коментар :